Конечно пристигна понуда за Гомез, но тој ги изненади сите одлучувајќи да ја одбие
Д М12 јан 2021

Алехандро Гомез сака да ја напушти Аталанта во секој поглед откако Џан Пјеро Гасперини го отпиша.
Деминутивниот фудбалер вчера уште еднаш беше понижен затоа што тренираше со друг тим, а од Гасперини доби јасна порака дека нема место за него во првиот тим на Аталанта.
Гомез се поврзуваше со трансфер во Интер и Милан, но се чини дека нема да има ништо од тоа. Фиорентина покажа интерес и од 32-годишниот играч за врска, кој испрати конкретна понуда.
Фиорентина е подготвена да му понуди двегодишен договор на Гомез според кој би заработувал околу четири милиони евра годишно.
Сепак, Гомез изјави дека не сака да оди во Артемио Франки и дека целта му е кариерата да ја продолжи во клуб кој игра европски натпреварувања, а во моментов Фиорентина не е.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



