SportM
Фудбал

Конте: Ако треба да играме – подготвени сме

Д М17 дек 2021
Конте: Ако треба да играме – подготвени сме

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте нема одговор на прашањето дали е неопходно да се прекине Премиер лигата поради проблемите со коронавирусот, но вели дека Спарс се подготвени да ги почитуваат сите одлуки што се носат.

Лондонскиот тим беше првиот зафатен од вирусот поради кој во изминатите две кола не играше со Брајтон и Лестер.

Во меѓувреме, ситуацијата се влоши со останатите, па вкупно девет натпревари беа одложени, од кои пет викендов.

„Не сакам да го изразам моето мислење дали е неопходно да се прекине Премиер лигата. Можам само да кажам дека сме подготвени да ги следиме сите одлуки што се носат. Постојат правила кои треба да се следат. Важно е само да бидат исти за сите клубови. Ако треба да играме, подготвени сме за тоа“, јасен е Конте .

Тотенхем во недела од 17.30 часот ќе го пречека Ливерпул во 18. коло од Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.