Конте го пронајде виновникот за загубата: Не нè почитуваа!

Антонио Конте го нападна судијата откако Интер загуби во Барселона на „Камп Ноу“. Ова е изјавата на тренер за „Скај Спорт“.
„Комплиментите се убави, но по ваквиот настап ние заслуживме да излеземе со барем еден поен од овој предизвик. Ја ставивме Барселона во тешка ситуација, но по паузата го зголемија темпото и некои од нашите играчи се уморија.
Се чувствувам тажно. Жал ми е што можам да кажам, но имаше некои инциденти со кои судијата се справуваше на неправеден начин. Имаше многу работи што не ми се допаднаа кај арбитражата.
Не сакам да зборувам за тоа, но тоа е она што го видов. Тие велат дека треба да го почитувате судискиот дрес, но почитта треба да биде взаемна, тие треба да покажат почит кон тимот што дојде да игра фудбал.
Тој е меѓународен тренер, многу искусен, па затоа не требаше да биде под влијание на атмосферата на „Камп Ноу“. Како и да е, мислам дека игравме добро, но требаше да постигнеме и повеќе, имавме можности.
Во второто полувреме излезе квалитетот на Барселона. Мислам дека резултатот не е како што треба. Сега ќе ги започнеме подготовките за натпреварот со Јувентус во недела, затоа што страдам кога губиме“.



