Connect with us

Фудбал

Конте: Не верувам дека има човек на овој свет кој не го сака Меси

Тренерот на Интер, Антонио Конте, ги нарече залуден сон, гласините дека капитенот на Барселона, Лионел Меси ќе им се придружи на Интер, но сепак ги поздрави.

Иднината на Меси доминираше на насловните страници од сезоната 2019/20, и покрај гласините дека шесткратниот освојувач на „Златната топка“ е подготвен да ја напушти Барса на крајот од оваа сезона.

Неговиот трансфер во Интер исто така се шпекулираше и во минатото. Но, гласините сега се зголемија бидејки неговиот татко оваа недела купи куќа во Милано.

После победата на Интер со 3-0 над Џенова во саботата, Конте беше запрашан за Меси.

„Тука зборуваме за фудбалска фантазија, овие работи не можат да се случат во Интер во моментот, од многу причини“, рече Конте.

„Не верувам дека има луда личност на овој свет која не би го сакала Меси. Но, Меси во Интер е далеку, далеку од реалноста, заснован на она што го правиме и се обидува да го изгради“, додаде тој.