Конте синоќа беше добро расположен: „Ако сега погледнам во џеб, ќе најдам само 40 евра“
Д М9 мар 2021

Интер синоќа дојде до важна победа на домашен терен бидејќи успеа да ја победи Аталанта со 1:0.
Интер така го задржа првото место на табелата во Серија А и има шест бода повеќе од градскиот ривал Милан.
После натпреварот беше интересно на прес-конференцијата каде беше тренерот на домашниот тим Антонио Конте.
Еден од новинарите праша по натпреварот дали Конте има чувство дека веќе имал парче Скудето во џебот, и тој даде многу интересен одговор.
“Ако сега погледнам во џеб, ќе најдам само 40 евра. Само тоа ми остана откако застанав на бензинската да го наполнам резервоарот”, рече низ смеа тренерот на Интер.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



