Конте: Влогот е огромен
Д М20 фев 2021

Иако Милан беше прв на табелата скоро од почетокот на сезоната, Интер поведе пред големото дерби, што им дава одредена психолошка предност на тимот на Антонио Конте.
„Зборуваме за две екипи кои се практично еднакви на врвот на табелата, со многу мала разлика. Тоа е одлично за градот, што значи дека влогот е огромен. Многу поголем од локалниот престиж. Ние мора да работиме со решителност и ентузијазам и треба да бидеме уште помотивирани“ – рече Конте .
По долго време, скоро една деценија, во ова време, два тима кои не се Јувентус директно се борат за титулата.
„Градиме нешто важно, го продолжуваме процесот на раст. А, Милан заслужи каде е и е одличен тим. Значи, ќе треба да бидеме најдобри што можеме.“
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



