Копа Америка доби нов домаќин на 13 дена пред почетокот
Д М31 мај 2021

Со одлука на управата на јужноамериканскиот фудбал, Копа Америка ќе се одржи во Бразил.
Планирано беше турнирот да се игра во Аргентина и Колумбија. Поради неповолната состојба со коронавирусот, ниту Аргентина ниту Колумбија не можат да ја преземат улогата на организатор, па КОНМЕБОЛ одлучи дека тоа ќе биде Бразил.
СП 2014 и Копа Америка 2019 беа организирани во Бразил, а репрезентацијата на Бразил ќе има можност да ја брани титулата шампион на Јужна Америка „во сопствениот двор“.
Копа Америка започнува на 13 јуни, два дена по почетокот на Европското првенство. Првиот натпревар ќе го одиграат несудениот домаќин Аргентина и Чиле.
Финалето на ова натпреварување ќе се одржи на култниот стадион „Маракана“ во Рио де Жeанеиро.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



