SportM
Фудбал

Кореографијата на навивачите на Марсеј ќе го обиколи светот

Д М6 мај 2022
Кореографијата на навивачите на Марсеј ќе го обиколи светот

Навивачите на Марсеј секако се меѓу најдобрите во светот.

 

Освен по одличната поддршка, познати се и по инциденти, поради што често се на мета на Дисциплинската комисија на УЕФА.

Марсеј зад себе има успешна европска сезона, но неколку пати е казнет поради загубата на своите навивачи.

 

Пред реваншот од полуфиналето на Конференциската лига, навивачите на великаните од Азурниот брег решија да направат кореографија која ќе го обиколи светот.

 

На целата јужна трибина пишуваше мафијата на УЕФА, што најдобро покажува што мислат навивачите на овој клуб за  фудбалската организација во Европа.

https://twitter.com/diariotorcidas/status/1522292966286663683?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1522292966286663683%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Fmarseille-feyenoord-coreo%2F424792

 

По тој повод беа запалени десетици факели и сосема е јасно дека Марсеј ќе мора да плати нова казна.

 

Инаку, во претходна фаза имаше инциденти на Веледром против ПАОК, поради што беше затворен еден дел од стадионот против Феенорд, додека Марсеј мораше да плати казна од 98.000 евра.

Марсеј не успеа синоќа да победе, па со поразот од привиот натпревар, не успеа да стигне до финалето.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.