SportM
Фудбал

Корона прави проблем во Хрватска: Одложен првиот натпревар сезонава

Д М18 окт 2020
Корона прави проблем во Хрватска: Одложен првиот натпревар сезонава

Ненадејни случаи на коронавирус во тимот на Локомотива доведоа до одложување на натпреварот помеѓу Осиек и клуб од Загреб.

Натпреварот требаше да се игра денес во 17 часот во Осиек, но бидејќи двајца играчи на Локомотива беа позитивни на денот на натпреварот, а петмина имаа покачена температура, натпреварот беше одложен.

„Двајца играчи на НК Локомотива беа тестирани на КОВИД-19 во неделата, на 18 октомври, и резултатот е позитивен. Според Законот за заштита на личните податоци (GDPR), не можеме да го откриеме идентитетот на заразените лица. Надлежната епидемиолошка служба веднаш беше известенам и на играчите им бешеодреден мерка на строга самоизолација, сето тоа во согласност со препораките на Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска и работната група на ХНС. Се чека одлука на надлежната епидемиолошка служба во врска со мерките за самоизолација за блиски контакти на заразените“, соопшти клубот од Загреб.

Во меѓувреме, Осијке исто така го потврди одложувањето на мечот со желба играчите на Локомотива да се опорават што е можно побрзо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.