SportM
Фудбал

Коронавирус удира по италијанските клубови кои губат милиони евра

Д М6 мар 2020
Коронавирус удира по италијанските клубови кои губат милиони евра

Италијанските клубови губат милиони евра со затворање на вратите, Јувентус нај повеќе страда.

Јувентус ќе изгуби околу 12 милиони евра приходи од затворање на вратите на страдионите.

Серија А неодамна беше во хаос поради брзото ширење на коронавирусот низ северна Италија.

Владата издаде декрет во кој се вели дека сите спортски активности ќе се одржуваат зад затворени врати до 3 април, во обид да се запре ширењето на болеста.

„Калцио и Финанза“ пренесува дека Јуве, кој ќе игра со Интер, Лече и со Лион во Лигата на шампионите, се очекува да загуби околу 12,3 милиони евра.

Италијанскиот шампион е најпогодено од указот на владата.

Интер и Милан имаат два натпревари за одигрување на „Сан Сиро“ и се очекува да загубат 2,7 милиони евра и 3,4 милиони евра, соодветно.

Исто така, се очекува Рома да изгуби околу 2,3 милиони евра на два меча.

Вкупно, сите 20 клуба ќе загубат приход од 28,6 милиони евра.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.