SportM
Фудбал

Коронавирус ја нападна и Ла Лига, двајца игачи на Алавес заразени

Д М14 мар 2020
Коронавирус ја нападна и Ла Лига, двајца игачи на Алавес заразени

Коронавирус ја нападна и шпанската Ла Лига, во тимот на Алавес има двајца заразени.
Само два дена откако шпанската фудбалска федерација го прекина првенството до 3 април, двајца членови на Депортиво Алавес тестираа позитивно за КОВИД-19.

Во официјалното соопштение, клубот од Ла Лига се посочува дека двајцата не покажале никакви симптоми на коронавирус, но медицинските тестови потврдија дека и двајцата биле заразени со коронавирус.

Заради етика, Депортиво Алавес одбива да ги објави имињата на двајцата членови на клубот.

Во меѓувреме, целиот тим и клубот ќе бидат подложени на анти-коронавирусни тестови и тренингот е прекинат до втората инструкција.

Коронавирусот се шири брзо низ целиот свет.

По Италија, најпогодената земја во Европа моментално е Шпанија.

Досега шпанските медиуми известуваат за 5.700 позитивни случаи и повеќе од 140 смртни случаи од вирусот, КОНВИД-19.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.