Коронавирусот и создава големи проблеми на УЕФА: Што ќе се случи со натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа?
Д М2 фев 2021

УЕФА е во големи проблеми поради коронавирусот.
Некои европски земји забранија влез, а најригорозна е Германија, која забрани летови од ЕУ.
Ова може да создаде огромни проблеми кога станува збор за играње на натпревари од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Доколку се поместат датумите на натпреварите, УЕФА ќе биде во голема неволја поради веќе густиот распоред во сите натпреварувања.
Клубовите се должни да обезбедат максимални услови за играње натпревари, без оглед дали тие треба да се играат надвор од границите на земјата домаќин.
Конечната одлука за целата ситуација УЕФА ќе ја донесе следната недела.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



