Косата како „тајно оружје“, изнуди два црвени картони бидејќи го влечеа за долгата коса (ВИДЕО)

Со коса која му се протега дури до глуждовите, Аедан Сципио навистина е тешко да не се забележи. Сепак, неговата специфична фризура стана вистински проблем за противниците во бизарниот натпревар од Лигата на нациите на КОНКАКАФ.
Zápas Ligy národů Antigua a Barbuda – Anguilla. Hosté prohrávali 0:5, když se za ně v 69. minutě dostal na hřiště Aedan Scipio.
A právě jeho dredy sahající téměř až k zemi přispěly k vyloučení dvou hráčů soupeře.😂😂 pic.twitter.com/eaAVj8YF71
— Sporťák (@SportakCZ) September 27, 2026
Всушност, косата на овој 36-годишен фудбалер е толку долга што за време на натпреварите мора да носи лента околу половината за да ја држи врзана за телото.
Иако долгите дредови на овој напаѓач несомнено се негов заштитен знак, на фудбалскиот терен тие се претворија во вистински „оперативен ризик“.
Сципио влезе во игра од клупата во 69. минута, во момент кога неговата Ангила веќе губеше со 5:0 од Антигва и Барбуда на стадионот „Сер Вивијан Ричардс“.
Му беа потребни само три минути за, целосно ненамерно, да остави голема трага на натпреварот. Противничкиот фудбалер Кеон Грин доби директен црвен картон токму поради тоа што го повлече Сципио за неговите дредови долги 170 сантиметри.
Неверојатно, но бизарното влечење за коса не заврши тука. Репрезентацијата на Антигва и Барбуда во судиското продолжение остана со само девет играчи на теренот, откако Шалон Најт одзади го повлече Сципио за дредовите и го собори на тревата, по што заработи уште еден црвен картон.
Инаку, репрезентацијата на Ангила, за која настапува Сципио, моментално се наоѓа на 210. место на ранг-листата на ФИФА. Единствената репрезентација во светот која е послабо пласирана од нив е Сан Марино.
Поврзани вести

Неверојатно: На Икарди му е суспендирана возачката дозвола до 2099 година, може да се врати зад воланот на 105 години

Сакав да се чувствувам секси – Британска атлетичарка го привлече вниманието со необичен костим! (ВИДЕО)

