Косовскиот голман, Висар Бекај позитивен на „Ковид-19“
Д М5 сеп 2021

Голманот на репрезентацијата на Косово, Висар Бекај е позитивен на КОВИД-19, потврди менаџерот на националниот тим, Бајрам Шала.
Според Шала, за среќа Бекај е во добра здравствена состојба и е изолиран од остатокот на тимот и е под медицинска нега за се што му треба.
Oва значи дека ќе го загуби натпреварот против Грција, сепак ќе има шанса за натпреварот против Шпанија, во зависност од тоа како ќе излезе следниот тест.
„Се чувствува добро, но мора да го чекаме следниот тест за да видиме дали ќе игра на натпреварот против Шпанија“, заклучи Шала.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



