Коста даде интересен коментар за Левандовски и Роналдо: Кој е на повисоко ниво?
Д М21 окт 2020

Даглас Коста го засили Баерн Минхен на крајот од преодниот рок.
Бразилскиот фудбалер се врати во клубот каде помина две многу добри сезони, а во интервју за Билд ги коментираше сегашните и поранешните соиграчи.
Тој истакна дека верува дека Кристијано Роналдо е сè уште на повисоко ниво од Роберт Левандовски кога станува збор за бројките во текот на целата негова кариера.
“Имав среќа да играм со одлични играчи. Играм со Нејмар во националниот тим, со Роналдо играв во Јувентус, а сега играм со Роберт Левандовски, најдобриот играч во Европа. Сепак, ако ги погледнете само бројките, Кристијано е на едно ниво погоре”, рече Коста.
Коста ги забележа првите минути за Баерн оваа сезона во Бундеслигата и ДФБ-купот, но сè уште нема никакво влијание.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



