SportM
Фудбал

Костадинов: Сакавме победа, но не ги реализиравме шансите

E R14 ное 2025
Костадинов: Сакавме победа, но не ги реализиравме шансите

Фото: tv21m

Македонската фудбалска репрезентација  контролниот дуел против Летонија го заврши без погодоци.

Нашата селекција имаше неколку можности за погодок, но за жал не успеа да ги искористи.

Сакавме победа, но не успеавме. Ни недостасуваше погодок, имавме свои шанси, но голманот на Летонија се покажа одлично со неколку клучни интервенции. Позитивното е тоа што повторно ја сочувавме својата мрежа. Денешниот фудбал веќе е таков — сите екипи се цврсти и агресивни. Во Велс тоа може да биде уште поинтензивно, па мора да бидеме подготвени. Знаеме што нѐ чека и за што играме, ќе се потрудиме максимално да се подготвиме за она што ни следи во Кардиф, изјави Тихомир Костадинов.

Мечот против Летонија беше последна проверка на формата пред одигрувањето на решавачкиот дуел за освојување на втората позиција во групата што ќе одиграме во вторник против селекцијата на Велс.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.