Ковач незадоволен по ремито со Ајакс
Д М3 окт 2018

Баерн Минхен трет натпревар по ред не знае за победа, што е знак за тревога кај тренерот Нико Ковач. Баварците синоќа на свој терен ремизираа со Ајакс (1:1) во меч од Лигата на шампионите на кој први дојдоа во водство.
– Ова никој не го очекуваше. Но, тоа е фудбалот. Можеби на почетокот изгледаше лесно кога влеговме во серија од седум победи. Сега е време за тревога. Треба да ги засукаме ракавите и да ја прекинеме низата од три средби без триумф. Мораме да се вратиме на игрите од почетокот на сезоната, изјави Ковач.
По две рунди во ЛШ, во Е-групата водат Баерн и Ајакс со по четири бода, Бенфика има три, последен е АЕК без освоен бод.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



