Ковач претпазлив пред Бенфика
Д М19 сеп 2018

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач е воздржан пред вечерашниот натпревар со Бенфика во Лигата на шампионите.
– Бенфика е рекордер во својата земја по бројот на победи. Минатата сезона тие не остварија резултати според очекуваното, па затоа сега ќе сакаат да започнат успешно во Лигата на шампионите со поддршка на своите навивачи. За нас нема да биде лесно, но ние сме подготвени, изјави Ковач.
Тие се брзи и агресивни. Играат многу добро на свој терен. Сигурно ќе се обидат да дојдат и до трите бода, додаде хрватскиот стручњак.
Натпреварот Бенфика – Баерн ќе започне во 21 часот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



