SportM
Фудбал

Крај на епизодата во Барселона: Миралем Пјаниќ на трансфер листа!

Д М24 мар 2021
Крај на епизодата во Барселона: Миралем Пјаниќ на трансфер листа!

Миралем Пјаниќ се најде на трансфер листата во Барселона.

Шпанските медиуми објавија дека тренерот на каталонскиот гигант Роналд Куман нема да смета на играчот од средниот ред следната сезона и тој најверојатно ќе го напушти клубот.

Дијарио АС тврди дека тренерот Куман бил многу разочаран од медиумските настапи на Пјаниќ, кој јавно се пожали на неговиот статус во тимот.

“Не сум задоволен и не можам да бидам задоволен. Во текот на мојата кариера никогаш не сум прифатил идеја да не играм и не ја прифаќам ниту сега. Ќе видиме, подготвен сум. Јас тренирам добро и чекам, не можам ништо друго. Тоа е многу чувствителна ситуација што не ми одговара “, рече Пјаниќ пред неколку месеци.

Медиумските настапи го налутија Куман многу. И по овие изјави, Пјаниќ не беше премногу важен фактор во играта на Барселона, и беше решено да не смета на него во следната сезона.

https://twitter.com/HagridFCB/status/1374507678420979715

Тој е на трансфер листата затоа што не е премногу важен играч на Куман и се очекува 30-годишниот фудбалер да го напушти Камп Ноу.

Пјаниќ оваа сезона одигра 28 натпревари за Барселона и нема забележано значаен учинок.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.