SportM
Фудбал

Крај на групната фаза за Нејмар!

Д М25 ное 2022
Крај на групната фаза за Нејмар!

Бразилскиот фудбалер Нејмар ќе ги пропушти останатите натпревари во групната фаза на Мундијалот, соопштено е попладнево.

Нејмар ја исчаши десната нога по стартот на Никола Миленковиќ и после тоа успеа повторно да одигра десет минути и да учествува во првиот гол. Натпреварот го заврши на резервната клупа, со отечен зглоб и во солзи и болки го напушти стадионот. Интересно, дури девет прекршоци беа направени врз него од страна на српскиот тим.

Бразилските физиотерапевти истакнаа дека Нејмар мора да одмора барем до крајот на групната фаза на Мундијалот, а доколку Бразил се пласира во осминафиналето, што е сосема сигурно, тој ќе биде подготвен за продолжување на турнирот.

Слична е ситуацијата и со Данило, кој исто така нема да може да и помогне на својата селекција во понатамошниот тек од групната фаза.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.