SportM
Фудбал

Крај на Суарез во Атлетико

Д М12 јан 2022
Крај на Суарез во Атлетико

Уругвајската легенда Луис Суарез (34) по крајот на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид.

Одличниот 34-годишен напаѓач и оваа сезона игра одлично во дресот на јорганџиите, но договорот нема да му биде продолжен.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Диего Симеоне следната сезона ја планира без Суарез и наместо тоа клубот ќе доведе нов напаѓач.

Прв пик на аргентинскиот стручњак е напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњез. Голем е интересот од Атлетико за овој фудбалер кој не би имал ништо против кариерата да ја продолжи во Ла Лига.

Од другата страна на Суарез, сите патишта водат кон САД. Многубројни МЛС клубови би сакале да го видат во своите редови, а најчесто како претседател го споменуваат Интер Мајами предводен од легендарниот Дејвид Бекам.

Дури се шпекулира дека Лионел Меси би можел да го облече дресот на Интер заедно со Суарез, но останува да се види што навистина ќе се случи на крајот од оваа сезона.

Луис Суарез минатата година го предводеше Атлетико до титулата во Шпанија откако дојде од редовите на големиот ривал на Барселона.

Уругваецот за тимот од Мадрид одигра вкупно 64 натпревари и постигна 30 голови.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.