SportM
Фудбал

Крај! Познатиот италијански клуб од денеска повеќе не постои, навивачите се меѓу лидерите на чизмата

Д М10 апр 2022
Крај! Познатиот италијански клуб од денеска повеќе не постои, навивачите се меѓу лидерите на чизмата

Уште еден познат италијански клуб доживеа тотален нокаут.

Од денес, 10 април 2022 година, Катанија официјално повеќе не постои!

Клубот е избришан од регистарот, сите играчи се слободни, сезоната нема да ја заврши и една фудбалска приказна од Сицилија, која трае од 1929 година, заминува во историјата.

Клубот имаше многу турбуленции во последните сезони. Имаше долгови кои не можеа да се избришат, чекајќи купувач да ја спаси Катанија. До денес имаше рок, никој не се јави и толку. Крај на уште еден сицилијански клуб.

Слична судбина го снајде и Палермо, кој стартуваше од најнизок ранг со ново име и грб, па можеме да кажеме дека ова е црн ден за сицилијанскиот фудбал.

Катанија беше дел од разни скандали со наместени натпревари, беа казнети со бодови и парични казни, играа и убави епизоди во Серија А.

Инаку, Катанија е клуб со околу 230.000 навивачи, што го прави 12-ти во Италија. Приврзаниците на овој клуб сакаат фудбалот да остане на Сицилија, па ќе почнат да основаат нов клуб, со ново име, грб, а ќе треба да почнат од седмата лига, најниската конкуренција во чизмата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.