SportM
Тајм аут

Кралици на порното беа атракција на отворањето на Мундијалот во САД

Редакција13 јун 2026
Кралици на порното беа атракција на отворањето на Мундијалот во САД

Отворањето на Светското првенство во фудбал во Соединетите Американски Држави се претвори во вистински празник со многу музика, бои и спектакл на „Лос Анџелес Стадиум“ во Инглвуд. Иако претседателот на САД, Доналд Трамп, не присуствуваше на церемонијата, на трибините имаше многу познати лица од шоубизнисот кои уживаа во програмата пред дуелот меѓу САД и Парагвај, што ја осмислија Кејти Пери, Анита, Фјучр и останатите учесници.

Меѓу присутните во ложите беа и две од најпрепознатливите жени од индустријата за филмови за возрасни — Лана Роудс и Миа Халифа. Двете седеа една до друга во ВИП-ложите на арената, која за време на Мундијалот официјално се нарекува „Лос Анџелес Стадиум“ поради забрана за комерцијални називи.

Роудс и Халифа во последните години се обидуваат да се оддалечат од порно-индустријата. Роудс неодамна побара да бидат отстранети околу 400 видеа со нејзино учество, додека Миа подолг период е надвор од тој бизнис и важи за страстна љубителка на фудбалот.

Халифа не ја крие наклонетоста кон Вест Хем, кој испадна од англиската Премиер лига, па не е изненадување што родената во Либан Миа ја побара фудбалската радост на најголемиот светски форум.

Роудс, пак, е поврзувана со фудбалот и преку приватниот живот, откако медиумите ја поврзуваа со крилниот напаѓач на Виљареал и на Брегот на Слоновата Коска, Никола Пепе, кој претходно излегуваше со друга порноактерка, Тијана Трамп.

Појавата на Роудс и Халифа на трибините очекувано предизвика големо внимание кај навивачите во нивна близина. На теренот, пак, по свеченоста следеше вистинско голово шоу: САД го совладаа Парагвај со 4:1 и со тоа започнаа со убедлива победа на Мундијал 2026.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.