Кралскиот клуб киксна: Реал Сосиедад го напушти Мадрид непоразен
Д М1 мар 2021

Во рамките на 25. коло во ЛаЛига, Реал Сосиедад зеде бод од Мадрид и ремизираше против имењакот со резултат 1:1.
Првото полувреме понуди борбена игра, без многу сериозни можности, па на пауза екипите заминаа со резултат 0:0.
На почетокот на второто полувреме, шок за домашниот клуб.
Морнеал направи одличен центаршут во 55-та минута, а Порто ја искористи „поспаноста“ на одбраната на Реал Мадрид и погоди за водство на гостите од Сан Себастијан од 0:1.
До крајот на натпреварот кралскиот клуб се обидуваше да изедначи, а голот стигнаа во 89-та минута преку Винисиус кој погоди за конечни 1:1.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



