Кристал Палас ја одби неверојатната понуда на Евертон за Заха

Откако Арсенал го донесе Пепе и се откажа од доведување на Вилфред Заха, Евертон беше главен кандидат за неговиот трансфер.

Сепак, сите понуди од овој клуб испратени за Заха беа одбиени, дури и последната, што беше многу добра.

Евертон испрати понуда од дури 70 милиони фунти, вклучувајки ги и Џејмс Мекарти и Ченк Тосун, но Палас одби.

Тие сакаат да го задржат Заха во својот тим, и да го зачуваат ставот дека не сакаат да го продадат под поставената цена.

Се чини дека Заха нема да може да го исфорсира заминувањето од тимот и ќе мора да игра за нив и следната година.