SportM
Фудбал

Кристијано Роналдо доби нова брутална „шлаканица“

Д М12 сеп 2022
Кристијано Роналдо доби нова брутална „шлаканица“

Кристијано Роналдо го загуби статусот на сигурен стартер во Манчестер Јунајтед.

 

Сепак, ова не е единствениот пораз на Кристијано Роналдо во овој старт на сезоната. Англичаните пишуваат дека Португалецот останал без статусот „најдобар играч“ на тимот, кој го имал во сите клубови каде настапувал во последната деценија и пол, според тренерот Ерик тен Хаг и неговите соиграчи.

 

„Сан“ пишува дека Ерик тен Хег и играчите на Манчестер Јунајтед веруваат дека Маркус Рашфорд стана играчот без кој тимот не може да започне натпревар оваа сезона.

Личноста и пред се развојот на Маркус Рашфорд, кој е во евидентен пораст во формата, доведоа до новиот статус кој Англичанецот го има во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.

 

Маркус Рашфорд беше одлучувачки во победата против Арсенал (2:1), меч на кој ги постигна двата гола на Манчестер Јунајтед, но го постигна и решавачкиот гол против Ливерпул.

 

Кристијано Роналдо играше во првите 11 на Манчестер Јунајтед во само два меча оваа сезона, а тимот беше поразен во двата натпревари.

Португалецот ги започна натпреварите против Брентфорд, 0:4 во второто коло од Премиер лигата и Реал Сосиедад, 0:1 во првото коло од групната фаза на Европската лига.

 

Да потсетиме дека Роналдо летово принудно си замина од клубот, го поврзуваа со бројни тимови низ Европа, но на крајот остана на Олд Трафорд.

Тој има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на оваа сезона и од сегашна перспектива е многу тешко да се очекува да го видиме во дресот на овој клуб во овој момент во 2023 година.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.