SportM
Фудбал

Кристијано Роналдо го избриша коментарот во кој напиша: „ПЦР тестот е ср*ње“

Д М28 окт 2020
Кристијано Роналдо го избриша коментарот во кој напиша: „ПЦР тестот е ср*ње“

Кристијано Роналдо ќе го пропушти вечерашниот дуел помеѓу Јувентус и Барселона затоа што сепак е позитивен на коронавирусот.

Роналдо веќе две недели има проблеми со короната и се чинеше дека ќе биде подготвен за Барселона. Португалецот вчера повторно тестираше и беше шокиран кога резултатот од тестот беа повторно позитивен.

Пред вечерашниот натпревар во Торино, тој реши да објави на Инстаграм и рече дека се чувствува многу добро, и им посака среќа на своите соиграчи.

Но, тогаш ги изненади сите кога реши да остави коментар под објавата и напиша „ПЦР тестот е ср*ње“.

Неговиот коментар се прошири како пожар во јавноста и многумина беа изненадени што не се навикнати Роналдо да се однесува така. Тој реши да го избрише овој коментар, но веќе беше доцна.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.