SportM
Фудбал

Кристијано Роналдо го откри значењето на „Сиу“ и како се чувствува кога е копиран

Д М17 јун 2023
Кристијано Роналдо го откри значењето на „Сиу“ и како се чувствува кога е копиран

Ѕвездата на Ал Насер и Португалија – Кристијано Роналдо , откри какво значење става во извикот „Сиууу“ со кој вообичаено ги прославува своите голови. Напаѓачот објасни и како се чувствува кога другите фудбалери ја користат прославата на неговиот заштитен знак.

„Изгледа дека стана глобален феномен. И ми се допаѓа кога гледам други играчи како го прават тоа, или кога ми праќаат видеа од луѓе кои се занимаваат со други спортови или мали деца кои ја повторуваат мојата прослава на голот“, изјави Роналдо, цитиран од „FourFourTwo“.

„Сето ова е одлично. „Сиу“ значи: „Да, многу едноставно, но со силна порака“ , додава добитникот на 5 награди „Златна топка“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.