Connect with us

Фудбал

„Кристијано Роналдо има право да ги слави головите и победите како што сака“

Во Јувентус со голема нервоза ја чекаат одлуката на УЕФА за Кристијано Роналдо и неговата прослава по натпреварот против Атлетико Мадрид.

Роналдо минатата недела беше херојот на Јувентус во победи против Атлетико со 3:0, со што му овозможи на својот тим пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Португалецот запиша хет-трик и го врати Јуве, откако загуби со 2:0 во првиот натпревар.

Сепак, во центарот на вниманието се најде прославата на Роналдо на крајот на играта, се сврте кон навивачите на Атлетико Мадрид и ги фати неговите тестиси.

Истото го направи и Диего Симеоне на првиот натпревар помеѓу овие тимови за кој беше казнет. Но Јувентус стравува дека Роналдо би можел да помине уште полошо, бидејќи УЕФА потврди дека започна официјална истрага.

Но, неговиот колега Емре рече дека тоа не би било фер, Роналдо да биде суспендиран доколку Симеоне е само казнет а се должи на истите. Тој, исто така, рече дека Роналдо има право како што сака да ги слави половите и победите.

„Не сакам да го оправдам тоа што го сторил, но ако Симеоне го направи тоа во првиот натпревар, мислам дека е оправдано што Роналдо го направи истото. Сите знаеме за кој е посветена таа прослава и не би било фер да го суспендират ако не го суспендираат и Симеоне, тој има право да прослави како што сака по таков натпревар“, рече Џан.

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com