SportM
Фудбал

Крос: Ако Германците не можат, тогаш кој може?

Д М15 мај 2020
Крос: Ако Германците не можат, тогаш кој може?

Германскиот репрезентативец Тони Крос ги пофали германските власти за сработеното во борбата против коронавирусот.

Германците се меѓу најпогодените земји од коронавирусот, но владата таму прави одлична работа, па Бундеслигата ќе продолжи утре, додека останатите лиги мора да се чекаат до јуни.

„Во Шпанија се добива впечаток дека ако Германците не можат да ја завршат сезоната, тогаш никој не може да го стори тоа“, рече фудбалерот на Реал Мадрид, додавајќи:

„Импресивно е што Германија е во состојба најдобро да се справи со проблемот со ширењето на коронавирусот. И ако тие не се во можност да ја завршат Бундеслигата, кој ќе го стори тоа?“

Германската Бундес лига ќе биде прва меѓу најдобрите 5 Европски првенства кои ќе продолжат по паузата поради пандемијата на коронавирус, додека Франција ја откажа сезоната порано.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.