SportM
Фудбал

Крос: Се уште чуствувам болка, не знам кога ќе се вратам

Д М6 сеп 2021
Крос: Се уште чуствувам болка, не знам кога ќе се вратам

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос изјави дека не знае кога ќе се врати на терените бидејќи се уште чувствува болка.

Поранешниот германски репрезентативец ги пропушти првите натпревари оваа сезона, поради проблемите што ги имаше со хернија.

„Можам да ви кажам дека се чувствувам подобро. Сепак, вистината е дека се уште не можам да сторам се без да чувствувам болка. Тоа е нормално со овој тип на повреди“, рече 31-годишниот фудбалер.

„Не можам да кажам кога ќе се вратам, но напорно работам секој ден за да бидам подготвен што е можно поскоро.

Последниот натпреварувачки натпревар на Крос се одигра во јуни, кога Германија играше против Англија на Европското првенство.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.