Ракомет
Крсманчиќ потпиша за Вардар
Бековската позиција на Вардар во новата сезона ќе биде засилена за уште еден интернационалец. „Црвено-црните“ го договорија сропскиот интернационалец Младен Крсманчиќ (31) кој во нашите редови треба да остане најмалку една сезона.
Средниот бек доаѓа од Унгарија каде претходните сезони настапуваше во тимот на Чургу.
Во својата играчка кариера има настапувано за тимот на Југовиќ, Слога, Железничар, Анаитасуна (Шпанија) и во Чургу (Унгарија)
-Потпишувањето на договорoт со Вардар претставува значаен чекор во мојата спортска кариера. Овој клуб со својата богата историја и успехot во освојувањето на ракометната Лига на шампиони за мене го симболизира врвот на професионалниот ракомет. Во претстојната сезона очекувам интензивна работа, посветеност и заеднички напор за освојување на нови титули, а особено се радувам на можноста да придонесам за тимот со моето искуство и енергија на теренот, изјави Крсманчиќ, цитиран од скопскиот тим.
Српскиот ракометар треба да се појави на прозивката на клубот во јули кога ќе почнат подготовките за новата сезона.