Поврзи се со нас

Фудбал

Короната „влезе“ во Ливерпул, Тијаго Алкантара позитивен

Шпанскиот играч за врска и неодамна фудбалер на Ливерпул, Тијаго Алкантара е позитивен на  корона вирусот.

Актуелниот англиски шампион денес потврди дека неговото ново засилување е позитивно за корона вирусот.

Тијаго, како што пишуваат островските медиуми, има лесни симптоми и веднаш откако дознал дека е позитивен, бил испратен на изолација.

Да потсетиме, пред околу десетина дена, овој фудбалер пристигна од Баерн кај „црвените“, за што дебитираше во победата над Челзи (2:0).

Не е познато колку ќе заработи во Ливерпул, но вкупната цена на трансферот е околу 30 милиони евра со бонуси.

Advertisement