Тајмаут
Кубење коси, тупаници, хаос на теренот, се степаа фудбалерки на два тима (ВИДЕО)
За натпреварот Хуарез – Тихуана во рамки на мексиканската женска фудбалска лига најмалку ќе се зборува поради резултатот (заврши 2:0, доколку некој се интересира), а најмногу поради жестоката тепачка меѓу две фудбалерки што се случи среде терен.
Веќе во 23. минута од натпреварот, додека резултатот сè уште беше 0:0, буквално се „заплеткаа“ Миа Зуазуа од Хуарез и Нативидад Мартинез од Тихуана. Имаше туркање, удирање, влечење за коса… Сцените не изгледаа нималку убаво, напротив – толку хаотични ситуации ретко се гледаат дури и во машкиот фудбал, а камоли во оној наменет за „понежниот“ пол…