Кукуреља: Емоционално деби со Реал Мадрид на „Бернабеу“

Марк Кукуреља го направи своето долгоочекувано деби на Сантијаго Бернабеу како играч на Реал Мадрид во победата од 4-1 против Реал Сосиедад. Тој изјави дека сè уште работи за да ја врати својата целосна физичка форма по скратената предсезона.
Одбранбениот играч не беше стартер во ниту еден од двата натпревара на „белите“ во Ла Лига и знае дека враќањето во својата најдобра форма ќе потрае малку време. За момент, тој прави постојан напредок, додека Жозе Мурињо внимателно ги менаџира неговите минути на почетокот од сезоната.
„Чекор по чекор. Јасно е дека немавме многу врмее во предсезона, но малку по малку, се чувствувам подобро. Правиме одлична работа“, рече Кукуреља. Тој исто така ја оцени способноста на Мурињо да го менаџира тимот за време на она што ветува да биде долга сезона.
„Дебито на Бернабеу беше совршена ноќ, не можев да побарам повеќе“, рече шпанецот, кој ја пофали колективната изведба на Реал Мадрид против тим кој предизвика проблеми и покрај конечниот резултат.
„Беше многу емотивно. Многу важен ден, прв пат моето семејство беше тука на стадионот за да ме гледа. Многу сум среќен и се надевам дека ќе има повеќе ноќи како оваа“, рече Кукуреља..



