“Кулибали е најдобриот дефанзивец во светот, можеби Серхо Рамос му е близу”
Д М18 окт 2018

Квалитетите на Калидио Кулибали се несомнени, а неговото име е поврзано со најголемите европски клубови веќе некое време.
Јасно е дека, Наполи нема толку лесно да го продаде својот сјаен дефанзивец, но според мислењето на Гуљелмо Стендардо, поранешен дефанзивец на Јувентус, Лацио и Аталанта и не треба – затоа што Кулибали е најдобар дефанзивец на светот.
“.Кулибали во моментов е најдобриот дефанзивец во светот Единствениот кој е блиску до него и Серхио Рамос, кој сепак е физички инфериорен во однос на Кулибали. Тој е одличен спортист”, изјави Гуљелмо Стендардо за радио Кис Кис, но додаде:
“Толку многу напредуваше во три години под Сари кога е во прашање игра со нога, тој стана многу добар во градење на акција од последната линија”.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



