SportM
Фудбал

Култните натпревари од Премиер лигата кои посебно се очекуваат за жал ќе бидат откажани?

Д М16 дек 2021
Култните натпревари од Премиер лигата кои посебно се очекуваат за жал ќе бидат откажани?

Коронавирусот повторно избувна, а во Англија е активиран аларм бидејќи секој ден се повеќе и повеќе луѓе се заразуваат.

Како и обично, коронавирусот има последици за сите, вклучително и спортските натпревари. Раководството на англиската Премиер лига неодамна мораше да откаже неколку натпревари, последниот на Лестер и Тотенхем закажан за вечерва на „Кинг Пауер“, но се чини дека ова е само почеток на нов колапс.

Минатата недела, од 3805 тестирани, 42 случаи во ПЛ беа позитивни, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

Она што сега не загрижува сите нас, особено навивачите на ПЛ, се подготвуваат да ги откажат натпреварите кои се играат на Божиќ и кои традиционално се највозбудливи. „Boxing Day“ се игра на вториот ден од Божиќ, но раководството на Премиер лигата ќе размисли дали има смисла да се играат тие натпревари овој пат.

За 26 декември се најавени девет дуели, а некои привлекуваат внимание, како дуелот Манчестер Сити и Лестер Сити или Челзи против Астон Вила и дуелот помеѓу Ливерпул и Лидс, но сето тоа сега може да биде откажано.

Пред да донесат официјални одлуки, клубовите мора да ги завршат 17-то и 18-то коло во Премиер лигата. Натпреварите со кои ќе заврши 17. коло ќе се одиграат во четврток на 16 декември (Челзи – Евертон, Ливерпул – Њукасл Јунајтед).

Следните натпревари се играат во сабота и недела. По овие игри играчите и навивачите ќе имаат седум слободни денови, а потоа треба да има спектакл на крајот на годината, но …

Проблемите со коронавирусот започнаа пред десетина дена, кога беше откажан натпреварот од Конференциската лига меѓу Тотенхем и Рен. Во средата Телеграф објави дека имало вистински земјотрес во Манчестер Јунајтед. Дури 19 лица се заразени и ставени во карантин. Британските новинари додаваат дека не се работи само за играчите, туку и за вработените во клубот.

Инаку, Манчестер Сити, кој во вторникот го совлада Лидс со 7-0, води на табелата со четири бода повеќе од Челзи, кој вечерва го пречекува Евертон.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.