SportM
Фудбал

Куман: Лапорта излажа дека Барса ќе потпише договор со Меси

Д М1 апр 2023
Куман: Лапорта излажа дека Барса ќе потпише договор со Меси

Фото: Barcelona’s Lionel Messi, left, and Barcelona’s head coach Ronald Koeman celebrate after winning a Spanish Copa del Rey round of 16 soccer match against Rayo Vallecano at the Vallecas stadium in Madrid, Spain, Wednesday, Jan. 27, 2021. (AP Photo/Manu Fernandez)

Поранешниот тренер на Барселона Роналд Куман призна дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го напуштил каталонскиот клуб на неславен начин во 2021 година, пренесуваат шпанските медиуми.

Меси ја напушти Барселона во 2021 година поради тешката финансиска ситуација во која се најде каталонскиот клуб. Куман раководеше со Барселона од август 2020 до ноември 2021 година, а холандскиот стручњак беше отпуштен по серијата лоши резултати.

„Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ме излажа. Ми кажа дека ќе биде потпишан нов договор со Меси, а Аргентинецот следниот ден го напушти клубот. Тој човек не заслужи да оди на тој начин. Многу од тоа беше против мене. Проблемот е кога претседателот се сомнева во вас. Меѓутоа, ако имав шанса да се вратам, би. Ја сакам Барселона“, изјави Куман за Релево.

Холанѓанецот истакна дека направил многу добри работи за Барселона.

„Морам да бидам искрен и да кажам дека една година игравме без публика. Не очекував дека Меси и Антоан Гризман ќе си заминат. Поминав низ многу работи, никогаш не верував дека може да се случат одредени работи, но сето тоа е живот и мораме да го прифатиме. Морав да одговорам на многу прашања, а тоа не беше моја работа. Верувам дека заслужив поголема поддршка од клубот. Оставка на тренери е дел од фудбалот, а на клубот му донесов многу од техничка страна“, истакна Куман.

Холандскиот тренер ја предводеше Барселона 67 натпревари, а со каталонскиот клуб оствари 39 победи, 12 нерешени и 16 порази.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.