SportM
Фудбал

Куман: Меси е најважната личност во историјата на Барса, среќа е што тој сè уште е со нас

Д М16 мар 2021
Куман: Меси е најважната личност во историјата на Барса, среќа е што тој сè уште е со нас

Тренерот на Барселона, Роналд Куман го пофали напаѓачот на тимот Лионел Меси, кој беше двоен стрелец и асистираше на вчерашниот натпревар од 27. коло во Ла Лига против Хуеска (4:1).

– Меси покажа дека е најдобар. Првиот гол беше неверојатен. Тој ја заслужува важната улога што ја добива во овој тим. Има уште многу да се каже. Меси го покажува ова ниво многу години, го демонстрира на многу натпревари. Тој е најважната личност во историјата на Барса. Среќа е што тој сè уште е со нас, рече Куман.

Вчеравечер Аргентинецот го одигра 767. натпревар за Барселона и го повтори рекордот на Чави по бројот на одиграни натпревари за клубот.

Оваа сезона, 33-годишниот Меси одигра 25 натпревари во Ла Лига, постигна 21 погодок и забележа седум асистенции.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.