SportM
Фудбал

Куман направи голема промена неколку часа пред Ел Класико

Д М24 окт 2020
Куман направи голема промена неколку часа пред Ел Класико

Барселона и Реал Мадрид денес играат големо дерби во рамките на седмото коло на шпанската Ла Лига.

Ел Класико сигурно е еден од најголемите натпревари во светот на фудбалот, а првиот за оваа сезона се игра денес на Камп Ноу. Сигурно е дека нè чека уште еден спектакуларен натпревар, бидејќи на состаноците на овие екипи не сме навикнати на ништо поразлично.

Натпреварот на Камп Ноу се игра од 16 часот, што е невообичаено време за вакво дерби. Вакви натпревари се играа претежно навечер, но поради навивачите од целиот свет беше одлучено дека е најдобро натпреватот да се игра од 16 часот.

Затоа, Роналд Куман реши да направи неколку измени во својата рутина за Ел Класико. На претходните натпревари кои Барса ги играше дома, вообичаено беше да се прави утрински тренинг на денот на натпреварот.

Куман го воведе овој тренинг со неговото пристигнување со цел да им го открие составот и тактичкиот план на играчите неколку часа пред натпреварот. Се очекуваше каталонците да тренираат и утрово, но тоа не се случи.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Куман утрово испратил порака до играчите дека нема ништо од тренингот затоа што играта е порано од планираното, па затоа немаат доволно време за сè.

Исто така, според протоколот Ковид, играчите се обврзани да направат се што е дома, и да бидат подготвени на стадион со опрема најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.