Поврзи се со нас

Фудбал

„Куман не би го донел ни како домашен мајстор, а во сабота сигурно нема да се поздравиме“

Роналд Куман беше избран за нов тренер на Барселона ова лето, а веднаш по неговото пристигнување во клубот отпиша неколку играчи.

Навивачите најмногу се шокираа кога Куман преку телефон му рече на Луис Суарез дека повеќе не смета на него и може да оди. Покрај Суарез, клубот го напуштија Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Рафиња, Нелсон Семедо …

Но, не е првпат холандски експерт да прави такви работи. Куман го стори истото кога пристигна во Валенсија и веднаш по пристигнувањето избрка неколку играчи без никакво објаснување.

Сепак, Куман остана на клупата на Валенсија само половина година и беше отпуштен поради лошите резултати. Легендарниот Хоакин Санчез, кој во тоа време беше член на Валенсија, исто така не сака да го памети овој период, и тој ќе има средба со него повторно за време на викендот, бидејќи неговиот Бетис ќе игра против Барселона.

“Да сум јас во управата на Бетис, нема да го донесам Роналд Куман книту за домашен мајстор. Двајцата еднаш си кажавме многу. Нема да го поздравам во сабота, а ни тој нема да ме поздрави”, рече Хоакин и продолжи.

“Тој ме тренираше во Валенсија и тоа беше многу грд период од мојата спортска кариера. Не беше многу пријатен, но не сакам да зборувам за тоа, бидејќи ме боли и го паметам”.

loading...

Facebook