Connect with us

Фудбал

Куман одреди нова позиција за Меси

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман веќе замисли како ќе изгледа неговиот тим во новата сезона.

Куман својата премиера ќе ја има на клупата на Барса на почетокот од Ла Лига во сабота, а ќе ја искористи формацијата 4-2-3-1 во која веќе најде место за Лионел Меси, кој реши да остане во клубот.

Меси ќе игра на позицијата „лажно“ десно крило, а на левата страна ќе бидат Усман Дембеле или Ансу Фати, па не е исклучена можноста да игра и ново пристигнатиот Португалец, Франсис Тринкао.

Идејата на Куман е да ја прошири играта и да отвори простор лево каде што ќе играат некои брзи играчи како Дембеле, Фати или Тринка.

loading...

Меси ќе има слобода во нападот и нема да биде побарано да се повлече премногу за да ја организира играта. Холанѓанецот не сака Меси да се троши на одбрана.

Против Елче, Барселона ќе го одигра својот прв натпревар на домашен терен и тоа воедно ќе биде првата можност да ја видиме новата Барселона и со новиот тренер.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com