Connect with us

Фудбал

Куман официјално претставен: Секој знае дека Барселона е мојот дом

Роналд Куман денес беше официјално претставен како нов тренер на Барселона.

Куман потпиша двегодишен договор со Каталонците, а тој пристигна на клупата наместо Кике Сетиен, кој беше отпуштен по срамот во Лигата на шампионите и поразот од Баерн со 8:2.

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Холандија денеска пристигна во Барселона, па официјално беше претставен на „Камп Ноу“. Во првата изјава, тој рече дека Барса е негов дом, и дека ќе биде голем предизвик за него да тренира таков тим.

“Барселона е мој дом и предизвик е да тренирам тим како овој што секогаш се стреми кон најдоброто. Ова е одличен ден и сите знаат дека сонував да станам тренер на Барселона. Не беше лесно да се дојде овде каде што сум денес и знам што се очекува од мене. Потребно е да се направат промени и никој не сака да го преиспита она што се случи во Лигата на шампионите пред неколку дена “, рече Куман, осврнувајќи се на статусот на Меси.

loading...

„Меси е најдобриот играч во светот и нормално е што го сакам во мојот тим. Се надевам дека ќе остане тука за уште многу години. Што се однесува до промените во тимот, не сакам да зборувам за тоа сега затоа што допрва треба да започнеме да зборуваме за тоа. Се се случи брзо, но сега одам на работа “.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com