SportM
Фудбал

Куртоа демантира дека не ги сака Конте и Мурињо во Реал

Д М27 окт 2018
Куртоа демантира дека не ги сака Конте и Мурињо во Реал

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ги демантираше пишувањата во шпански „Ел паис“, за наводната негова изјава дека не ги сака за нов тренер ниту Антонио Конте ниту пак Жозе Мурињо.

– Не можам да поверувам, јас сум единствениот кој работел со Конте и со Мурињо. Си заминав од Лондон да го избегнам ова нешто, а сега најверојатно ќе дојде или Конте или Мурињо, наводно изјавил белгискиот голман.

Куртоа категорично ја демантираше информацијата што ја објави „Ел паис“ и најави тужба против весникот.

По слабите резултати на тренерот Хулен Лопетеги станува се поизвесно неговото заминување од Реал, а за негови наследници како најсериозни кандидати се споменуваат токму Конте и Мурињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.