„Куртоа страда од синдром Де Геа“

Ервин Леменс реагира по замената на Куртоа во ЛШ
Според белгискиот тренер на голмани, Ервин Леменс, Реал Мадрид мора поинаку да се однесува кон Тибо Куртоа, со цел тој да даде се од себе на теренот.
Куртоа беше заменет за време на натпреварот во вторникот во Лигата на шампионите против Клуб Бриж. Натпреварот заврши со резултат 2:2.
По замената на Куртоа, одговори Ервин Леменс, кој во интервју за „Марка“ рече дека треба да се третира поинаку.
„Тој е одличен голман и невообичаено е што со Белгија е секогаш на највисоко ниво, но во Мадрид страда од синдром Де Геа. Тој е одличен голман и ќе се обиде повторно да го израдува Реал Мадрид “, рече тој.
Реал Мадрид својот следен натпревар ќе го одигра против Галатасарај во ЛШ на 22 октомври со почеток во 21 часот.



