SportM
Фудбал

Кутињо е лидер на листата со десет играчи чија цена најмногу падна оваа година

Д М24 дек 2019
Кутињо е лидер на листата со десет играчи чија цена најмногу падна оваа година

Оваа година е при крај, па така се повеќе работи се сумираат.
Така се случи и со Трансфермаркет, кој го објави списокот со 10 играчи чија цена падна најмногу во 2019 година.

На врвот е Филипе Кутињо, кој имаше турбулентна епизода во Барселона по што неговата вредност падна за 70 милиони евра и сега вреди колку.

На второ место е Марсело Бразилецот на Реал Мадрид, чија вредност падна за 50 милиони евра, а сегашната вредност е 20 милиони евра.

По ова следат Ракитиќ, Бускетс, Асенсио и Бејл, чија вредност падна за 40 милиони евра.

Кавани, Лемар, Умтити и Фекир се играчи кои доаѓаат по нив, чијашто вредност падна за 30 милиони евра и го завршуваат овој список.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.