Connect with us

Фудбал

Кутињо му предложи на лидерите на Барселона кој напаѓач да го донесат наместото од Суарез

Шпекулациите околу зимскиот преоден рок се во тек, а спортската јавност најмногу зборува за тоа, кој може Барселона да го донесе на почетокот од 2019 година.

Шпанските медиуми на големо пишуваат за тоа дека Барселона може во зимскиот преоден рок сака да направи измени во тимот. Скаутите на Барселона следат фудбалери на повеќе позиции, па дури и на местото на Луис Суарез.

Уругвајскиот фудбалер после доаѓањето во Барселона одигра неколку одлични сезони, но оваа година не блеска во дресот на Барселона. Иако неговото место е обезбедено во првиот тим се повеќе се пишува дека не се задоволни од неговата игра во последните неколку месеци.

Мадритски „АС“ пренесува дека Кутињо ја советувал управата на Барселона да го доведат неговиот сонародник од Ливерпул, Роберто Фирмино, бидејки верува дека Фирмино одлично би се вклопил во стилот на играта Барселона и сосема добро би го заменил Уругваецот.

Дали Барса ќе може да донесе уште еден играч од Ливерпул останува да видиме.