Кутињо на крајот на август ќе дознае каде ќе игра следната сезона

Бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо сè уште не знае каде ќе игра следната сезона.
Кутињо е играч на Барселона, но минатата сезона беше позајмен во Баерн, со кого ја освои Бундес-лигата, и има шанса да ја освои Лигата на шампионите.
Мундо Депортиво најави дека судбината на Кутињо ќе се знае дури по финалето во Лигата на шампионите, односно на крајот на август.
Истиот извор наведува дека фудбалерот сè уште не разговарал со раководството на Барселона, но бидејќи не може да му се гарантира место во топ 11, тој сепак сака да игра на некое друго место, иако останувањето во Баерн не изгледа како реална опција.
Она што може да се случи е дека Кутињо повторно заминува во Англија каде веќе играше за Ливерпул, но овој пат во игра се ривалите Арсенал и Манчестер Јунајтед.



