Кутињо одлучи!
Д М16 ное 2021

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо нема намера да ја напушти Барселона во претстојниот зимски преоден рок.
Иако со месеци се зборува за негово заминување од Барселона, се чини дека ништо од тоа нема да се случи, односно шпанските медиуми денеска пренесуваат дека Кутињо одлучил да остане во Барселона.
Бразилскиот фудбалер сака да се наметне кај новиот шеф на стручниот штаб на шпанскиот тим, Чави Ернандез, и смета дека промената на клупата за него дошла во најдобар можен момент.
Кутињо има договор со Барселона до летото 2023 година, а во шпанскиот тим дојде на почетокот на 2018 година од Ливерпул, а во сезоната 2019/2020 играше како позајмен во Баерн.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



