Кутињо сака да остане во Баерн

Бразилската sвезда се чувствува среќна во баварскиот гигант, каде е на позајмица уште од лето. Баерн на крајот на сезоната може да го купи договорот од Барселона.
Баерн Минхен веќе една година го позајми Филипе Кутињо од Барселона.
Но, баварскиот гигант се надева дека на крајот ќе ја купи бразилската sвезда и ќе ја задржи долго на „Алијанц арената“.
А, надежите на најголемиот германски клуб се зголемени по неодамнешната изјава на поранешниот играчи на Интер, Еспањол и Ливерпул.
Всушност, бразилскиот репрезентативец дури изрази желба да остане во Бундеслигата.
„Ако се оди добро, јас би сакал да останам овде“, изјави 27-годишникот за германскиот весник „Билд“.
Откако се истакна со Ливерпул, Кутињо не успеа да се покаже на „Камп Ноу“. Но, сега, постепено се враќа во својата идеална форма.



